Мицкоски: Пендаровски има образ ѓон, не презема ништо против ДУИ и Груби бидејќи коленичи за нивните гласови

gjorce-13-09042024.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Се прават како да се нови во политиката како да не се истите што се седнати во скутот на ДУИ, како Стево да не е истиот на кого Артан му претеше, и слоганот им е таков нема откажување од фотелјите и од тендерите. Затоа и прибегнуваат со местенки и теми кои не враќаат назад и кои сакаат да направат да заборавиме дека 6 и пол години се на власт и дека ја киднапираат државата со нивните другарчиња од ДУИ, Артан и компанија, вели Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ на денешниот митинг во општина Ѓорче Петров во рамки на претседателските избори.


Мицкоски посочи дека до сега Пендаровски не кажал ниту еден лош збор ниту пак презел нешто против Груби и ДУИ бидејќи како што рече тој калкулираше и коленичеше за гласови од ДУИ.

Кога сте слушнале Стево да каже лош збор за ДУИ? За Артан Груби? Одговорот е јасен. Никогаш. И не треба само да каже, не е тој коментатор туку треба да преземе нешто. А ништо не преземаше зашто калкулираше и коленичеше за гласови од ДУИ, рече тој.

Мицкоски додаде дека Пендаровски е човек со образ ѓон.

Стево е повеќе од 23 години во високата политика и која одлука или збор ќе го паметите? По она мизерно додворување до Борисов кога му рече љубави имаш поздрав од премиерот. Тоа е Стево. Ништо повеќе ништо помалце. Еден човек со образ ѓон несвесен дека претставува држава и народ, истакна Мицкоски и додаде:

А колку другите надвор го ценат видовме по реакцијата на Борисов кога му сврте грб веднаш откако овој му рече имаш поздрав од премиерот. Срамно е да се гледа. Нема веќе понижувања. Нема веќе недостоинствени одлуки и изјави. Имаме сила, Македонија има сила, и ќе докажеме дека можеме подобро. Мораме подобро. Зашто нема време за губење.

Мицкоски повика на поддршка за ВМРО-ДПМНЕ и Силјановска Давкова за претседател на Република Македонија.

Затоа ни е потребна поддршка за Гордана Силјановска Давкова на 24 април, а потоа на 8 мај поддршка за идниот претседател на Македонија Силјановска Давкова и влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата Твоја Македонија, порача Мицкоски.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK