Вчера околу 16.00 часот во СВР Куманово било пријавено дека на регионален пат Куманово – Липково, во атар на село Опае, липковско, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко моторно возило „ауди“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од 27-годишниот Ф.И. од Куманово и патничко моторно возило „смарт“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од 62-годишната С.А. од Куманово, соопшти МВР.
„Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила С.А., констатирани во Општа болница Куманово“, додаваат од МВР.
Екипа од СВР Куманово извршила увид на местото на несреќата.