„СДС пироманска се виновни за пожарот на Универзална, дали фирмата која гради е блиска до нивниот врв“, прашуваат ВМРО-ДПМНЕ

Univerzalna-gori.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

„СДС пироманска да не наоѓа изговори и да прифати одговорност за пожарот на Универзална сала. Не очекувавме од СДС дека веднаш ќе прифатат вина, сепак тоа е партијата чија влада кажа дека кабелот е крив за пожарот на модуларната болница во Тетово, каде живи луѓе изгореа и нема одговорност“, реагира ВМРО-ДПМНЕ на соопштението на СДСМ.


„СДС лажеа дека ќе ја реновираат Универзална сала, 7 години ги лажат скопјани. Симболот на постземјотресно Скопје е оштетен и главна вина за тоа носи Ковачевски и Бисера Стојчевска.

Салата стои оградена како руина, нема одговори какви материјали се вградени, кој е изведувач, кој е надзор. Што крие власта и дали всушност крие фирма блиска до врвот на СДС“, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK