24 април и 8 мај 2024 година се неработни денови за сите граѓани, извести кабинетот на Тренчевска

glasackikutii_5.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Земајќи го во предвид Решението за распишување на избор за претседател на Република Северна Македонија („Службен Весник на РСМ“ бр.37/24), како Решението за распишување на избори за пратеници во Собранието на Република Северна Македонија („Службен Весник на РСМ“ бр.37/24), Министерството за труд и социјална политика информира дека по донесената одлука на 14 владина седница – 24 април 2024 година (среда) и 8 мај 2024 година (среда) се прогласени за неработни денови за сите граѓани.


„Како министерство препорачуваме до сите институции и работодавачите од приватниот сектор на територијата на Република Северна Македонија да ги спроведат заклучоците од Владата за неработните денови со цел секој граѓанин да може непречено да го оствари своето право на глас во избирачката единица во којашто е регистриран“, велат од МТСП.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK