(Видео) Украина: Погодивме фабрика за авиони во Русија

Screenshot-2024-04-09-132836.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Украинската воена разузнавачка агенција (ГУР) го погоди главниот производствен погон на фабриката за авиони во руската област Воронеж, дозна денеска Ројтерс од украинските разузнавачки кругови.


Според истиот извор, погоден е објект за поправка на авиони во градот Борисоглебск, но нема информации за степенот на штетата. Градот се наоѓа на најмалку 350 километри од линијата на фронтот контролирана од Украина, на североисток.

Ројтерс не може независно да ги потврди наводите. Руското Министерство за одбрана претходно соопшти дека над областа биле соборени два украински беспилотни летала. На снимката се гледа противвоздушната одбрана во акција, пред да се слушне силна експлозија. После тоа, густ облак од чад почнува да се крева од погодената област.

Неодамна, Киев сè повеќе напаѓа подлабоко на руска територија, гаѓајќи ги воените објекти и енергетската инфраструктура што ја напојува руската воена машина. Главно користи дронови со долг дострел од домашно производство.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK