По пауза од три недели повторно ќе се играат натпревари во Лигата на шампионите. Најквалитеното фудбалско натпреварување во светот стигна до четвртфиналето, осум екипи остнаа во трката за трофејот.
Во четвртфиналето ќе се сретнат Арсенал и Баерн, Реал Мадрид и Манчестер сити, Атлетико и Борусија Дортмунд и ПСЖ и Барселона.
Арсенал – Баерн (вторник, 21 часот)
Европските гиганти, ќе се сретант по пауза од седум години. Тогаш Баерн во осминафиналето ги декласираше „Топџиите“ со вкупен резултат 10:2. Сезонава двете пресметки ќе бидат многу поинтересни. Арсенал се бори за титулата во Премиер лигата, а за Баерн Лигата на шампионите е единствената шанса сезоната да ја завршат со трофек.
Арсенал е во добра форма. На последните седум натпревари шест пати победија, а еднаш ремизираа против Манчестер сити, со гол разлика 19:2. Букајо Сака и Габриел Мартинели се опоравија, истото важи и за Габриел, па Артета ќе може да смета на сите освен на Јулиен Тимбер.
Баерн цела сезона игра по системот „топло-ладно“. Поразени се во последните два натпревари во домашниот шампионат. Позитивно пред дуелите со Арсенал е што Томас Тухел ќе го има на располагање комплетниот тим.
Без разлика на моменталната форма, тешко е да се прогнозира кој ќе излезе како победник од овој двомеч. Арсенал одамна нема играно во Лигата на шампионите, додека Баерн секогаш е ривал кој треба да се избегнува. Првиот меч ќе се игра во Лондон, а реваншот во Минхен осум дена подоцна.
Реал Мадрид – Манчестер сити (вторник, 21 часот)
Пред три недели, ждрепката во Нион повторно ги спои Манчестер сити и Реал Мадрид. Четврти пат во последните пет сезони, Реал и Сити се среќаваат во нокаут фазата.
Минатата сезона, во полуфиналето, „Граѓаните“ ја демонстрираа својата сила во реваншот и го победија Реал со 4:0, но дури и Пеп Гвардиола изјави дека таков меч тешко ќе се повтори.
Реал се многу блиску до освојување на титулата во Ла Лига, додека Сити се мачи повеќе отколку што можеше да очекува. Џуд Белингем е еден од најдобрите играчи во Европа оваа сезона, а заедно со Винисиус ќе биде вистинска главоболка за десеткуваната одбрана на Манчестер сити. Натпреварот ќе го пропуштат Кајл Вокер и Нејтан Аке, а под знак прашалник е и Јошко Гвардиол.