Пожар на просторот во Универзалната сала. Гори кровната конструкција.
На Единствениот број за итни случаи 112 во Центарот за управување со кризи е добиена пријава за пожар на отворено кој се шири над објектот на Универзалната сала лоцирана на Булевар „Партизански Одреди“, во Скопје, потврдија од ЦУК.
Гори една од куполите на објектот, а противпожарните единици на Град Скопје се на лице место, информираат од ЦУК.