ДПМНЕ е опасност по безбедноста на граѓаните, закана за влошување на безбедносната состојба во државата. Новото пукање во Чаир во кое се ранети две лица е последен во низата инциденти, што се случија за два месеци откако ДПМНЕ е на чело на МВР, велат од СДСМ.
„Откако ДПМНЕ и Тошковски го водат МВР, се случи и обид за убиство на градоначалник, свирепо убиство на младо момче, убиство на доктор, убиства и пресметки на криминални групи, опожарени возила во Прилеп.
Нема никаква промена во ДПМНЕ. Тоа е истата партија како и за време на 11-годишното владеење, кога МВР, беше МВРО, во целосна функција на Белата палата.
ДПМНЕ може да ја носи државата само назад, во неизвесност и несигруност“, оценуваат од владејачката партија.
Според нив, граѓаните сакаат безбедност, сигурност и стабилност.
Тоа, како штo велат е можно само со СДСМ и со полноправно членство во ЕУ.
„Затоа, глас за СДСМ и европската иднина е глас за сигурност, безбедност и стабилност“, додаваат од оваа партија.