„Професорката Ванковска цврсто стои на ставот дека Македонија има алтернатива и дека Македонија треба да се позиционира како рамноправна членка во новиот геополитички поредок. За разлика од сите останати партии, Левица и Ванковска се против безалтернативноста која ни се наметнува последниве 30 години“, истакна носителот на Изборната единица 5, Јована Мојсоска.
Граѓаните, додава таа, можат да видат дека единствено Левица и единствено Ванковска се против бугаризацијата на Уставот.
„Впрочем, Левица беше и единствена партија која во Битола, во градот на Стив Наумов, организираше и два протеста против Фашистичкиот клуб.
И токму по иницијатива на Левица, беше затворен фашистичкиот клуб”, потенцира таа.