Украински генерал: Украинците да се приклучат на вооружените сили, судбината на државата е во прашање

7d3dd7af-efc3-431e-9d3d-ed5eb0e7c371.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Олександр Пављук., командант на копнените сили на Украина, на Фејсбук ги повика Украинците да се приклучат на вооружените сили бидејќи „судбината на земјата е во прашање, што значи дека никој не може да остане на страна“.


„Колку повеќе Украинците ќе најдат храброст и ќе се приклучат на редовите на вооружените сили, толку помалку ќе има шанси Русија да ги спроведе своите крвожедни планови и толку побрзо украинските градови ќе продолжат со својот нормален и безбеден живот“, најави Пављук.

„Затоа, ги повикувам Украинците да ги остават своите емоции зад себе и да не подлегнуваат на провокации. Неопходно е да се разбере дека никој не може да остане на страна. Судбината на земјата, судбината на нашиот народ е во прашање“, објави украинскиот генерал.

Тој додаде дека на украинските вооружени сили им требаат луѓе од различни профили: возачи, службеници, готвачи, градежници, ИТ специјалисти, сметководители, лекари и инженери.

Пред два дена украинскиот претседател Володимир Зеленски го повика парламентот во наредните денови да го усвои предлог-законот за мобилизација.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK