„Емотиконот“ јасно покажува што мисли Леао за зборовите на Касано

ipiccy_image-6-690x362-1.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Антонио Касано, поранешен напаѓач на италијанската репрезентација и бројни италијански клубови, во текот на кариерата беше познат по своето контроверзно однесување, а откако замина во пензија се посвети на работата во медиумите. Често ги критикува големите ѕвезди. Неодмана негова „мета“ беше напаѓачот на Милан, Рафаел Леао.


„Лео мисли дека е гениј, а некои дури се согласуваат со него. Мислам дека тој е добар играч и не сум го сменил мислењето околу тоа. Четири и пол месеци не постигнал гол во лоша лига каква што е Серија А. Гледав како Маркус Рашфорд минатата сезона постигна 25 гола, а игра во силна лига. Фоден е една година помлад и веќе има 21 гол и 10 асистенции. Тој е добар играч и силен и точка. Кака, Руи Коста, Винисиус? За што зборуваме? Зборуваме за обичен играч кој е силен“, изјави Антонио Касано за ТВ шоуто „Ла Доминика Спортива“.

„Пред 10, 15 години немаше да има место во тимови кои се борат за шесто, седмо место на табелата. Кој е шампион според мене? Погледнете го Лаутаро, тој трча, се жртвува, дава голови, асистенции. .. Тој е лидер. Никој не зборува за Лоботка. Пред две години зборував дека е играч за Барселона и Баерн. Го прашаа Чави кого бил зел во неговиот тим и тој рече дека тоа би бил Лоботка. Проблемот е во тоа што одредени играчи и тренери имаат силна позадина и поддршка од новинарите“.

По повод овие зборови на социјалните мрежи се огласи и Леао, кој без збор сосема јасно стави до знаење колку му значи мислењето на Касан. Леао реагираше со бројни „емотикони“ со слика на кловн.

Касано играше за репрезентацијата од 2003 до 2014 година и забележа 39 настапи на кои постигна 10 гола, два од нив на Европското првенство во 2004 година и еден на ЕУРО 2012. Играше за Бари, Рома, Реал Мадрид, Сампдорија, Милан, Интер, Парма, Сампдорија и Верона.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK