ВМРО-ДПМНЕ не се промени и не сака да се менува. Напротив, ги продлабочува етничките поделби, велат од ДУИ.
„Последно од ВМРО, алудирајќи на правичната застапеност на Албанците, Мицкоски обвинува дека „лидерот на Демократската унија за интеграција, Али Ахмети ја има државата на тацна и дека 100 луѓе од ДУИ одлучуваат за 2 милиони луѓе“. Со овие обвинувања, Мицкоски покажува дека Северна Македонија ја гледа само како држава на Македонците, а Албанците само како негови аргати“, додаваат од ДУИ.
Како што посочуваат, Европскиот фронт му става до знаење на Мицкоски и неговите деривати дека Северна Македонија е заедничка држава на сите, без разлика на етничката припадност, а вака ќе биде и по 24 април и 8 мај, кога Европскиот фронт ќе постигне длабока победа над партнерите на Мицкоски и оние што се престроени со Москва и Русија.
„Албанците докажаа дека знаат да ја водат државата на најдобар начин, а тоа го докажуваат премиерот Талат Џафери и шефот на дипломатијата д-р Бујар Османи, воедно иден претседател на Северна Македонија“, завршуваат од ДУИ.