Родри ќе добие нов договор и значително зголемување на платата

dm_240116_Is_Rodri_actually_The_Best_player_in_the_world.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Манчестер сити ќе го продолжи договорот со Родри. Шпанецот е играч на Сити од 2019 година, кога клубот на Атлетико Мадрид му плати 70.000.000 евра.


Низ годините Родри стана еден од најважните играчи во тимот на Пеп Гвардиола. Минатата сезона ја освои тројната круна.

Играчот од редот за врска има договор со Сити до јуни 2027 година, но според
англиските медиуми, клубот за Родри подготвил нов, изменет договор на шест години, до летото 2030 година. Доколку го потпише новито договор, Родри ќе добие и значително покачување на платата.

Шпанецот моментално заработува 180.000 фунти неделно, а според новиот договор, секоја недела би заработувал 300.000 фунти (350.000 евра).

Преговорите меѓу Сити и Родри ќе започнат на крајот на сезоната.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK