Лавров пристигна во дводневна посета на Кина

Руската-амбасада-со-потврда-Бугарија-дозволи-прелет-на-авионот-на.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров денеска пристигна во дводневна посета на Кина, каде со кинескиот министер за надворешни работи Ванг Ји ќе разговара за прашањата за интеракцијата меѓу двете земји и меѓународната агенда.


Како што соопшти руското Министерство за надворешни работи во неделата, Лавров и Ванг ќе разговараат за „широк спектар прашања за билатералната соработка, интеракцијата на меѓународната сцена, со акцент на заедничката работа во ОН, БРИКС, Г20, АПЕК и други мултилатерални механизми и форуми“, пренесува РИА Новости.

Исто така, соопштено е дека е планирана детална размена на мислења за голем број важни теми и регионални прашања, вклучувајќи ја украинската криза и ситуацијата во азиско-пацифичкиот регион.

Лавров во Пекинг ќе остане до утре, а претходниот пат ја посети кинеската престолнина во октомври 2023 година.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK