Телото на малата Данка Илиќ се уште не е пронајдено. Таа беше монструозно убиена на 26 март годинава во 13 часот и 52 минути во населбата Бањско Поле кај Бор во Србија.
За бруталниот чин се осомничени Срѓан Јанковиќ и Дејан Драгијевиќ, вработени во ЈКП „Водовод“ од Бор, додека Раде Драгијевиќ е обвинет дека помагал при отстранувањето на телото, а братот на осомничениот почина во полициски притвор.
Обдукцијата ќе биде направена денеска.
Полицијата од 26 март годинава деноноќно го пребарува Бор и околината во потрага по Данка Илиќ.
– Претресите на терен ги насочивме кон оние локации каде што осомничените ни кажаа дека го оставиле телото на Данка Илиќ. Засега вршиме увид на коритото на Злоцка река. Теренот е многу тежок и непристапен. Лазаревото корито и пештерата се предмет на нашата понатамошна истрага. Ангажирани се многу полицајци од различни специјалности со различна опрема и технички средства, а ние максимално се трудиме, надевајќи се и верувајќи дека ќе го најдеме телото на малата Данка – изјави Жељко Бркиќ, државен секретар во српското МВР за телевизијата „Пинк“.
Однесувањето на осомничените, за кои постојат докази дека извршиле кривично дело тешко убиство, Жељко Бркиќ го опишува како најмонструозна форма на човечко однесување. Додека едниот детално опишал како ја убил Данка Илиќ, другиот решил да се одбрани молчејќи.
– Тешко е да се дознаат причините поради кои не сака да соработува. Но, кај нив се гледа толкав недостаток на емпатија и непромисленост, осомничениот и сега кога е соочен со вистината не сака да каже каде го сокрил телото на Данка Илиќ. Тоа покажува голем недостаток на емпатија. Тоа дете има право на достоинствен погреб, за да можат родителите да му посветат гробно место. Тие се лишени од секакво човечко чувство – вели Бркиќ.
Тој вели дека досега се собрани доволно докази врз основа на кои може да се подигне обвинението и додава дека надлежните органи ќе можат да донесат соодветна пресуда.
Бркиќ наведува и дека е тешко ментално да се реконструира ова злосторство и дека се надева дека телото на Данка Илиќ наскоро ќе биде пронајдено.
– Се надевам дека телото на Данка ќе биде пронајдено, нема сомнеж дека детето е внесено во возилото од местото на контакт со возилото – вели Бркиќ.
Државниот секретар во српското МВР, Жељко Бркиќ вели дека над 1.500 полицајци во соработка со над 1.000 граѓани од различни служби дале свој придонес за пронаоѓање на убиената Данка Илиќ.