Во Каиро, постигнат е напредок во преговорите за прекин на огнот во Газа и има договор за основните точки меѓу сите вклучени страни, објави рано утринава египетскиот државен ТВ канал Ал Кахера њуз, цитирајќи висок египетски извор.
Во неделата и Израел и Хамас испратија тимови во Египет на нови разговори за евентуален прекин на огнот во шестмесечниот конфликт.
Progress has been made in discussions in Cairo on a #Gaza conflict truce and there is agreement on the basic points between all parties involved, #Egypt’s Al-Qahera News says, citing a senior Egyptian source. https://t.co/CvWwJrrKlU pic.twitter.com/tYUmb7H11T
— Al Arabiya English (@AlArabiya_Eng) April 7, 2024
Засега нема коментар од Хамас и ниту една од страните на разговорите во Каиро не го потврди извештајот на Ал Кахара, според Ројтерс.
Според Ал Кахера, делегациите на Хамас и Катар го напуштиле Каиро и ќе се вратат во рок од два дена за да ги преговараат условите за конечниот договор, додека делегациите од Израел и САД ќе го напуштат египетскиот главен град за неколку часа.
Се додава дека консултациите се во тек во наредните 48 часа.
Хамас во неделата повтори дека неговите барања вклучуваат траен прекин на огнот, повлекување на израелските сили од Газа, враќање на раселените и размена на палестински затвореници за израелски заложници држени во Газа.