Во Белорусија се воведуваат СМС известувања за регрутирање во вооружените сили, а пријавувањето во воениот оддел по добивање порака преку мобилен телефон ќе биде задолжително врз основа на законот потпишан од белорускиот претседател Александар Лукашенко, кој денеска беше објавен на националниот портал за правни информации.
Законот ја дефинира и можноста за доставување покани за регрутирање не само во местото на живеење, туку и во местото на работа или престојувалиште на регрути, пренесува руската агенција Интерфакс.
Дополнително, изменетиот закон ги обврзува мобилните оператори да достават податоци за претплатничките броеви во рок од една недела од денот на приемот на барањето од воените одделенија.