Дејан Драгијевиќ (50) синоќа на рочиштето во Вишото јавно обвинителство во Зајечар признал дека ја задавил Данка Илиќ, дознава Блиц.
Според информации на Блиц, сослушувањето на Дејан Драгијевиќ траело над 2 часа. Тој му открил и на обвинителството дека имал помагачи да го извадат телото на Данка Илиќ од депонијата. Рекол дека татко му и брат му му помогнале да се ослободи од телото, вели извор на Блиц запознаен со случајот.
Во меѓувреме, таткото и братот на Драгиејвиќ се приведени. Вториот осомничен, Срѓан Јанковиќ се брани со молчење иако наводно два или три дена по убиството на девојчето дознал дека телото е преместено.