Со онлајн работилница со Илина Арсова започнува „РЕсет“ платформата за добросостојба на Реплек – приклучете се!

Foto
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Вечерва со почеток од 19:00 часот започнува онлајн работилницата на која нашата истакната уметница и планинарка Илина Арсова ќе ги сподели своите животни навики и мотивациски тактики за здраво тело и дух, а присутните ќе можат директно да комуницираат со Арсова и да постават прашања или да споделат искуства и мислења. Арсова е позната по енергичниот дух, љубовта кон природата и активниот начин на живот. Покрај другото, таа е отворена кон промени и прифаќање на предизвици кои нудат нови можности и поместуваат граници. За мотивот за освојување на многу планинарски врвови, меѓу кои и Монт Еверест, искачувањето на многу непристапни планински места и креирање на цврст и одлучен дух, вечерва сите заинтересирани ќе можат да чујат од прва рака, но и да поразговараат со Арсова, на следниот линк: https://t.ly/AI-8r

Со онлајн работилницата со Илина Арсова започнуваат активностите во рамките на платформата „РЕсет за поттикнување на ведар дух, здраво тело и ментална сила, односно добросостојба.РЕсет“ е во основата на визијата преку која компанијата сака да јa поттикне и промовира добросостојбата на лично и колективно ниво, поврзувајќи ја оваа платформа директно со кредото на компанијата „За мое добро“. Платформата „РЕсетќе иницира низа активности достапни за јавноста, преку кои ќе се обиде да мотивира и да поттикнува промена на навиките и однесувањата на луѓето за добросостојба.


 Стресниот и брзиот начин на живот остануваат сериозен фактор за нарушување на човековата добросостојба, што упатува на тоа  дека грижата за здравјето е врвен приоритет, па оттука „Реплек“ преку платформата „РЕсет“ креира простор за вклучување на секој граѓанин кој сака да го промени својот начин на живот и да го подобри своето ментално и физичко здравје. По работилницата со Илина Арсова, планирани се неколку настани за добросостојба во текот на годината, чија цел е да едуцираат, мотивираат и да поттикнат промена кај луѓето, преку животното искуство на инспиративни личности од различни професии. Темите на работилниците ќе бидат од различни области, односно исхрана, физичко и ментално здравје и слично.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK