Почина момчето во Франција кое беше претепано во близина на училиште

1695918360-shutterstock_2184184857-900x600.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

15-годишното момче кое беше тешко претепано во близина на своето училиште во градот Вири Шатијон на југот на Франција, почина во болница каде што беше префрлен поради срцев удар, соопштија властите.


Според локалните медиуми, тинејџерот бил нападнат од неколку лица додека го напуштал училиштето, пренесува Гардијан.

Јавното обвинителство соопшти дека отворило истрага за убиството на момчето, а локалните власти соопштија дека на учениците и наставниците ќе им биде укажана психолошка помош.

Тоа е еден од последните насилни инциденти во француските училишта, што се случи откако тинејџерка беше привремено во кома откако беше претепана пред своето училиште претходно оваа недела.

За обидот за убиство врз неа се уапсени тројца осомничени, а едно од нив е девојче од училиштето во кое одел нападнатата тинејџерка.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK