15-годишно момче претепано пред училиште, доживеало срцев удар: уште еден случај на врсничко насилство во Франција

france-police-830x0.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

15-годишно момче беше тешко претепано во близина на своето училиште во градот Вири Шатијон на југот на Франција, по што беше пренесено во болница поради срцев удар, соопштија властите.


Според локалните медиуми, тинејџерот бил нападнат од неколку лица додека го напуштал училиштето, пренесува Гардијан.

Јавното обвинителство соопшти дека отворило истрага за обид за убиство.

Локалните власти соопштија дека на учениците и наставниците ќе им биде укажана психолошка помош.

Тоа е еден од последните насилни инциденти во француските училишта, што се случи откако тинејџерка беше привремено во кома откако беше претепана пред своето училиште претходно оваа недела.

За обидот за убиство врз неа се уапсени тројца осомничени, а едно од нив е девојче од училиштето во кое одела нападнатата тинејџерка.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK