Кандидат за претседател на Европскиот Фронт, Бујар Османи рече дека е важно да се искористи моментот за можноста Северна Македонија да исчекори кон полноправното членство во Европската Унија.
На денешната јавна дебата на тема „Членството на Северна Македонија во ЕУ до 2030 година”, Османи рече дека железната врата на Унијата е отворена, а неопходно е земјата да ги усвои уставните измени што побрзо.
„Сега е отворена повторно железната врата на Европската Унија со руската агресија во Украина и ќе трае привремено и ќе се затвори повторно. Првата знаци на ЕУ дека таа железна врата е отворена е со почетокот на преговорите за Северна Македонија и Албанија, со Планот за раст којшто вчера го договори Европскиот Парламент за 2 милјарди во наредните месеци за Западен Балкан и 4 милјарди грант. Оттука, ние немаме алтернатива освен уставни измени веднаш по изборите, пред формирање на Влада, отворање на поглавја и затварање на поглавјето до 2028 година, бидејќи ние сме стигнати до 50% од европското аки, нас уште пола пат работа не очекува” рече Османи.
Османи се залага дека како Претседател на државата ќе ја реализира амбицијата за полноправно членство до 2030 година, промовирајќи го во меѓувреме концептот Повеќе интеграција пред членството, со цел граѓаните да почнат да ги почувствуваат придобивките од фондовите на ЕУ веднаш.
„Тоа можеме да го направиме за 4 години, бидејќи покажавме за време на скринингот дека ги имаме тие капацитети. Ни треба само државен консензус. Консензусот може да го постигне авторитет како претседателот на државата. И потоа оставам 1-2 години за процесот на ратификација во земјите членки на ЕУ и седнување на маса, рамноправни со сите земји членки до 2030 година” заклучи Османи.
На панелот со кандидатот за претседател од Европскиот Фронт учествуваа и заменик главниот преговарач со ЕУ и државен секретар во Секретаријатот за европски прашања, Дрита Абдиу-Халили и Арбер Адеми, претседател на пратеничката група на ДУИ.
„Со Скрининг докажавме дека имаме административен капацитет да ги придвижиме овие процеси напред. Сепак, тоа е политичкиот момент каде што застанавме и за ова можам да кажам дека ни требаат политичари и лидери, кои, пред се, ги разбираат овие процеси и второ, знаат колку е важен консензусот, бидејќи продолжувањето на усогласувањето на законодавството бара 2 /3 во повеќето случаи и за ова ни треба некој кој го разбира процесот и може да го обезбеди овој консензус. Нашиот кандидат е најдобар за оваа работа и многу добар познавач на сите процеси, бидејќи процесот на интеграција во ЕУ е сериозно многу тежок, многу долг и бара многу експертиза“, рече Абдиу-Халили.
„Одредени политички партии наоѓаат терен да развијат националистички дискурс и реторика, не за доброто на државата, не за перспективата на граѓаните, туку за акумулирање ниски политички поени преку искористување на незадоволството што со право постои кај граѓаните затоа што сме биле во овој процес многу долго… Овие избори се референдум за оние кои всушност не само што сакаат, туку и знаат да ја однесат државата таму каде што треба, во европското семејство“, рече меѓу другото Адеми.