Вчера во 12.05 часот во СВР Куманово било пријавено дека на паркинг простор на улицата „Ѓорче Петров“ во Куманово, патничко возило „опел корса“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од 64-годишниот Т.Ж. од Куманово, удрило во малолетничка-пешак од Куманово, извести МВР.
„Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила малолетничката, констатирани во Општа болница Куманово“, соопшти МВР.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Куманово.