Валенсија го отпушти Алекс Мумбру

17123087427131.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Кошаркарскиот клуб Валенсија го отпушти тренерот Алекс Мумбру по дебаклот на Асвел (69:98), во претпоследното коло во Евролигата.


Според добро информираниот шпански новинар Чема де Лука, шпанскиот стручњак добил отказ веднаш по натпреварот.

По поразот од Асвел, Валенсија остана без шанси за пласман во плеј-ин, а следната недела гостува кај Партизан во Белград.

Мумбру има 44 години, ја водеше Валенсија од јуни 2022 година, а претходно четири сезони беше тренер на Билбао.

Валенсија има 14 победи и 19 порази во Евролигата, додека во АЦБ лигата е на седмото место со скор 16-11.

Како потенцијална замена се споменува аргентинскиот стручњак Томас Ламас, кој ја предводи екипата на третолигашот Л’Орто Годел.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK