Израел ја губи меѓународната поддршка, расте притисокот да се стави крај на војната во Газа

689d42d2-870a-44c7-8e9f-6848e5d40f80.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Шест месеци по почетокот на војната во Газа, убиството на група хуманитарни работници во израелски воздушен напад ја истакна тешката хуманитарна криза и недостатокот на јасна стратегија за излез од конфликтот, што го остава Израел сè поизолиран, пишува Ројтерс.


Нападот во понеделникот вечерта во кој загинаа седум работници на Светската централна кујна (WCK), вклучително и шест странци, ги налути дури и некои од најблиските сојузници на Израел. Затоа расте притисокот за прекин на борбите во Газа.

Израелската војска призна дека нејзините сили го извршиле нападот по грешка и се извини за „ненамерната“ смрт на седум лица, вклучително и државјани на Велика Британија, Австралија и Полска, двоен американско-канадски државјанин и еден Палестинец.

Но, јавното мислење дури и во традиционално пријателските земји како Велика Британија, Германија и Австралија се свртува против кампањата на Израел во Газа, која беше започната по нападот на Хамас врз Израел на 7 октомври во кој загинаа околу 1.200 луѓе, а беа киднапирани 250.

Американскиот претседател Џо Бајден, кој е под зголемен притисок од сопствените поддржувачи да влијае на Израел да ги прекине борбите, рече дека е огорчен од нападот врз конвојот.

По разговорите со Нетанјаху, Белата куќа побара „конкретни и мерливи чекори за намалување на цивилната штета“ и рече дека идната американска поддршка ќе зависи од акциите на Израел.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK