Премиерот на Хрватска Андреј Пленковиќ неодамна се појави на ТикТок како дел од кампањата за приближување до помладите гласачи.
Имено, тој одговараше на бројни прашања на следбениците, меѓу кои беа и оние за првиот бакнеж, омилените музичари, филмовите, децата…
„Одамна, во Макарска, на почетокот на 80-тите“, одговори Пленковиќ кога се бакна за прв пат.
Омилен филм му е „Кој пее зло не мисли“, а омилен бенд му се Ролинг Стоунс.
Го прашаа и со кој од министрите најмногу се дружи.
@plenkovic_andrej Odgovaram na vaša pitanja u novom Q&A videu. 💬 Uskoro slijedi i PART 2. 👉🏼 #ZaSveIzazove #Q&A #pitanjaiodgovori #andrejplenkovic #premijer ♬ Piano classic short ending(837076) – Hitoshi Kaneshiro
„Со сите се дружам, но навечер нема дружење бидејќи децата се мали, после работа, обично околу 19-20 часот навечер, одам дома“, објасни тој.
Помеѓу Меси и Роналдо се одлучи за Лука Модриќ бидејќи „тој е наш, тој е одличен и мораме да му се заблагодариме на него и на оваа одлична генерација за сите успеси во последните неколку години“. Ако треба да бира ќебапи или бурек, бира ќебапи.
На крајот напомена и дека да се биде тиктокер не е воопшто лесно.