„Имаме човек кој ќе води и на меѓународна и на домашна сцена. Професорката Гордана Силјановска Давкова е решението за претседател на Македонија. Жена со принципи која непоколебливо верува во правдата, во вредностите и во Македонија. Која има свој став, кој може да му се допаѓа некому или не, но таа до крај се бори за него, затоа што верува во него, кажа претседателот Христијан Мицкоски во својот говор на вчерашниот митинг во Скопје.
Нотирајќи дека Гордана Силјановска Давкова покажала лојалност кон своите принципи и е еден од најдобрите експерти и познавачи на уставното право и политичкиот систем. Како што кажа тој на Македонија и треба претседател а не измеќар на ДУИ.
Времињата се тешки, но изборот никогаш не бил по јасен. Заокружувањето за бројот 2 и поддршката за Гордана Силјановска на овие избори за претседател значи избор за Македонија која е биде повторно горда, за Македонија која ќе има цврсти ставови и кичма која нема да се витка, заклучи Мицкоски.
Упатувајќи лична порака до Силјановска Давкова тој кажа:
– Професорке поминавме многу, ова е последниот круг, вие никогаш не се откажавте од вашата верба во правото, во човечкиот потенцијал да ги менуваме работите и оваа кампања ја почнуваме со голема верба во народот на Македонија и мотив да победиме за да градиме иднина.