Словенија ја победи Португалија со 2:0 (0:0) во пријателскиот натпревар, кој се одигра во Љубљана. Словенците ја прекинаа серијата на Португалија од 11 последователни победи. Португалците настапија со респектибилен состав, од стандарните ги немаше само Бруно Фернадеш, Рафа Леао и Бернардо Силва.
Словенците беа подобриот противник во текот на сите 90 минути, играта се разгоре во вториот дел, а дуелот на стадионот „Стожице“ имаше своја увертира.
Првата ѕвезда на Португалија, Кристијано Роналдо немаше мир во главниот град на Словенија и го следеа необични ситуации.
Најпрвин навивач сакаше да го удри пред хотелот, а потоа на крајот од првото полувреме навивач истрча на теренот и направи селфи со него и накратко го прекина дуелот.
Пкото за Португалците дојде во 72. минута кога Словенија постигна гол.
Адам Гнезда Черин прифати одлична асистенција во шеснаесетникот и лесно ја реши ситуацијата еден на еден со Диого Кошта.
Само 10 минути подоцна Словенците дојдоа до 2:0, а стрелец беше Тими Елсник.
Голманот на Словенија, Јан Облак во 85. минута го одбрани ударот на Роналдо, што беше и најдобрата шанса на натпреварот за гостите.