Кандидатот за претседател од коалицијата „Вреди“, Арбен Таравари денеска беше на тркалезна маса со академици и експерти од различни области.
Со интелектуалците се разговараше за претседателската платформа на кандидатот Арбен Таравари, како и за приоритетите на истата, а на неа присуствуваа еминентни личности како што е Руфи Османи и уште десетици универзитетски професори, кои покрај конкретни предлози дадоа и силна поддршка на претседателската платформа на Арбен Таравари. Платформата на кандидатот Арбен Таравари е изградена со околу четири главни столба и ќе биде објавена во наредните денови, соопштија од коалицијата.
„Денеска имав многу важна средба со универзитетска елита, академици и експерти од различни области, за претседателската програма. Наскоро оваа програма, дизајнирана од најдобрите во земјата, ќе биде јавно претставена затоа што го заслужувате најдоброто“, вели Таравари.