Владата донесе одлука: ќе се формира Совет за следење на имплементацијата на развојната секторска Стратегија за правосудство

21-1.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Владата на денешната седница донесе одлука за формирање на Совет за следење на имплементацијата на Развојната Секторска Стратегија за правосудство (2024 – 2028).


Советот се формира заради обезбедување на континуитет на досегашната пракса за следење на реформите во правосудството. Како што е познато, Владата на седницата одржана на 26.12.2023 година ја усвои Развојната Секторска Стратегија за Правосудство (2024 – 2028) со нејзиниот Акциски план.

Советот ќе се грижи за навремено спроведување на мерките и активностите согласно Акцискиот план, следење на приоритетите, временската рамка и роковите за имплементација и оценување на постигнатите резултати во спроведување на Акцискиот план.
Со Советот ќе претседава министерот за правда, а останати членови се: Министерот за внатрешни работи; Министерот за информатичко општество и администрација; Министерот за финансии; Заменикот на претседателот на Владата на Република Северна Македонија задолжен за европски прашања; Заменик на претседателот на Владата на Република Северна Македонија задолжен за политики за добро владеење; Jавен обвинител на Република Северна Македонија; Претседател на Врховен суд на Република Северна Македонија; Претседател на Судски совет на Република Северна Македонија; Претсетедател на Совет на јавни обвинители Република Северна Македонија.

Други членови се: Академик Владо Камбовски; Вера Коцо, судија во пензија; Аднан Јашари, професор на Универзитетот на Југоисточна Европа – Тетово; Слаѓана Тасева, поранешна претседателка на Транспаренси интернешнл – Македонија; Беса Арифи, професор на Универзитетот на Југоисточна Европа – Тетово; Неда Здравева, професор на Правниот факултет ,,Јустинијан Први‘‘ – Скопје; Абдула Азизи, професор на Правниот факултет при Универзитетот на Југоисточна Европа – Тетово; Никола Прокопенко, државен советник за кривично законодавство во Министерството за правда; Марија Николовска Ѓорѓиев, кабинетски службеник во кабинетот на заменик претседателот на Владата на Република Северна Македонија задолжен за европски прашања; Жарко Хаџи Зафиров, претставник од БЛУПРИНТ групата за правосудство;

На седниците, како што информираат од Владата, по потреба ќе присуствуваат и ќе ја следат работата и други министри , заменици на министри и функционери кои раководат со органи на джавната управа, домашни и меѓународни експерти, стручни лица и претседателите на Здрженијата на судии, на јавни обвинители, на судска служба и јавнообвинителска служба.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK