(Видео) Пронајдени првите исчезнати по уривањето на мостот во Балтимор

т-8-2.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Спасувачите од градот Балтимор успеале да ги пронајдат првите исчезнати лица откако бродот удрил во мостот и го урна.


Две лица се извлечени од водата по уривањето на мостот, изјави шефот на противпожарната служба Џејмс Валас.

Тој рече дека едно лице е во тешка состојба, додека другото не е тешко повредено.

„Едно лице одбило услуга и одбило да биде транспортирано, во суштина тоа лице не е повредено. Меѓутоа, имало уште едно лице кое е пренесено во локалниот центар за траума, кое е во многу тешка состојба“, објасни тој.

Валас рече дека властите можеби бараат седум лица, но додаде дека таа бројка може да се промени.

Сепак, претходно Кевин Картрајт од противпожарната служба на градот Балтимор рече дека спасувачите трагаат по најмалку 20 луѓе во реката.

Товарнен брод удрил во мостот, по што се запалил и потонал. Неколку возила паднале во реката јавува Телеграф.рс.

Бродот удрил во еден од потпорните столбови на мостот, при што неговата метална конструкција се урнала, а бродот се запалил и потонал, јавува Асошиетед прес.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK