И забил ножици во главата на сестра си затоа што не сакала да си игра со него: Момче во Тајланд се преправало дека е лик од ТВ серија

х-4.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Четиригодишно момче тешко ја повредило својата сестра Нонг (10) по расправија во семејната куќа во Тајланд.


Таа не сакала да си игра со него, па тој зел ножици и и ги забил во главата, пренесува Метро.

Во куќата бил и нивниот дедо Јарун Р.(50), кој слушнал врисоци и плач.

„Трчав во собата и видов дека ножиците и  штрчат од главата. Се обидов да ги извадам, но беа заглавени“, ги пренесуваат локалните медиуми зборовите на дедото.

Девојчето е пренесено во болница, а лекарите успеале да и ги извадат ножиците од главата.

По интервенцијата, девојчето било задржано два дена на лекување, а потоа пуштено дома.

Сечилото навлегло во черепот 2,5 сантиметри, но не предизвикало дополнителни повреди.

Подоцна роднина на семејството изјави дека момчето во моментот на инцидентот се преправало дека е лик од ТВ серија и  ножиците ги фрлил кон сестра си.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK