Манчестер јунајтед е заинтересиран за играчот на Јувентус, Глеисон Бремер, пренесува Калчомеркато.
Бремер (27) е член на Јувентус од 2022 година.
Тој има договор со клубот до 30 јуни 2028 година, а бразилскиот фудбалер може да го напушти Јувентус за отштета од 58 милиони евра.
Италијанските медиуми пренесуваат дека раководството на Манчестер јунајтед ќе се обиде да ги интензивира преговорите во следните неколку недели за да се договори со Јувентус и бразилскиот репрезентативец.
Интерес за Бремер покажаа Челзи, Ливерпул, Њукасл и Тотенхем.
Тој во Јувентус пристигна во 2022 година од Торино за 44 милиони евра. За Јувентус оваа сезона одигра 29 натпревари и постигна два гола.