Мбапе ја има најголеата плата во Европа, зад него се Кејн и Де Брујне

MixCollage-25-Mar-2024-03-21-PM-5983.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Килијан Мбапе, напаѓачот на Пари Сен Жермен има убедливо најголеми примања меѓу фудбалерите во Европа.


Како што објави весникот „Лекип“, платата на Мбапе е речиси три пати поголема од палата на Хари Кејн.

Според францускиот дневен весник, Мбапе заработува шест милиони евра месечно, додека Кејн за 30 дена заработува 2,1 милиони евра.

Англискиот фудбалер всушност е најплатениот играч во Бундеслигата откако минатото лето дојде во Баерн.

Трет на листата на најплатени е играчот од средниот ред на Манчестер сити, Кевин де Брујн. Белгиецот во редовите на „граѓаните“ заработува 2,02 милиони евра месечно.

Зад него е соиграчот Ерлинг Халанд со заработка од 1,9 милиони евра, додека во Топ 5 е и Давид Алаба со 1,88 милиони евра. Алаба е најплатениот фудбалер во шпанската Ла Лига.

Следува Роберт Левандовски (Барселона) со 1,86 милиони, зад него се Мохамед Салах (Ливерпул) и Касемиро (Манчестер Јунајтед) со по 1,77 милиони евра.

Рафаел Варан, стоперот на Манчестер јунајтед има приход од 1,73 милиони евра, додека четворица играчи ја комплетираат Топ 10 со еднаква заработка и тоа Винисиус, Џуд Белингем (Реал), Илкај Гундоган (Барселона) и Јан Облак (Атлетико Мадрид) со 1,67 милиони евра.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK