Владата на ВМРО-ДПМНЕ ќе одвои 800 милиони за македонското земјоделство, велат од ВМРО-ДПМНЕ

VMRO-DPMNE-sedishte-1.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Владата на ВМРО-ДПМНЕ ќе одвои 800 милиони за македонското земјоделство, велат од ВМРО-ДПМНЕ.


„Во период од 4 години 800 милиони евра ќе се слеат од владата кон земјоделците и земјоделието. Средствата се предвидени како доходовна поддршка на земјоделците, како субвенции, грантови и друг вид на поддршка, потоа инвестиции во диверзификација, инфраструктура и опрема. Предвидени се средства за стимулирање на осигурувањето на земјоделските поседи и посеви“, додаваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Како што посочуваат од партијата, ќе се одвојат значајни средства за водоснабдување, реконструкција и изградба на системи за наводнување.

„Како круна на целиот систем во земјоделството ќе биде изградба на откупно дистрибутивни центри, со што ќе се реши еднаш засекогаш проблемот со откупот. Земјоделието ќе биде во врвот на приоритетите на идната влада. Тоа ќе генерира приходи за десетици илјади семејства, како и за државата“, завршуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

 

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK