Левица: Германската инвестиција во Тетово е уште еден пропаднат проект на криминалната влада

levica.png
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Додека сериозните држави уживаат во големите и високопрофитабилни инвестиции на кинеските гиганти за електрична мобилност, кои обезбедуваат десетици илјади стручни и високоплатени работни места, а државата собира огромни приходи од даноци, ненародната власт предводена од ДУИ и нивниот безначаен партнер СДС, уште еднаш потврдија дека не се способни во Македонија да донесат нормална инвестиција, велат од политичката партија Левица.


„За стручната јавност и познавачите на состојбите им беше очекувана и воопшто не ги изненади веста дека ТИРЗ го раскина договорот со компанијата ,,е.ГО” и дека во Тетово нема да се произведуваат електрични автомобили.

Германската инвестиција за која се најавуваше дека ќе тежи околу 130 милиони евра, требаше да биде потпомогната од страна на Владата на РМ со учество од 35% од вкупната сума. Фирма ,,е.ГО” постојано беше поврзувана со луѓе блиски до ДУИ. Единствен потписник на договорот е Али Везваеи, кој е претседател на Одборот на ,,е.ГО” и директор на тетовската компанија Еколог.

Најавените илјадници работни места во Тетово и вкупната планирана инвестирана сума од 720 милиони евра остануваат само проѕирна лага на Владата предводена од ДУИ.

Разбирливо е дека Владата во заминување ќе направи сé што може за во преостанатиот период до избори преку манипулации во јавноста да остави добар впечаток за нивното работење. Македонската економија никогаш досега не била во полоша ситуација, а Македонија е на дното по инвестиции.

Единствената економска стратегија на анти-македонската влада на СДС и ДУИ е нула државни капитални инвестиции, делење тендери за бизнисите на нивните семејства, распродавање на националните богатства за багателни цени и уништување на плодното земјиште за сомнителни бизнисмени од енергетскиот сектор да можат да профитираат“, се вели во соопштението на Левица.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK