Инженери на РМ: Сајбер напад на МЕПСО – поднесовме Барање за инфо од јавен карактер

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Поаѓајќи од тоа дека:

–          помеѓу 2021 и 2022 година со сајбер-напади беа таргетирани седум јавни институции, особено веб-страниците со официјален владин домен (gov.mk);



–          на 15 јули 2020 година за време на предвремените парламентарни избори со дистрибуирано одбивање на услуга (DDoS), беше нападната официјалната веб-страница на Државната изборна комисија;

–          на 8 февруари 2023 година информатичкиот систем на Фондот за здравствено осигурување беше хакиран со ransomware вирус,

–          деновиве сме сведоци на сличен сајбер-напад над податоците во МЕПСО, а со оглед на тоа што ни престојат претседателски и парламентарни изборни процеси, од Министерството за информатичко општество и администрација и од Државната изборна комисија, а на знаење до претседателот на државата и до јавното обвинителство, ги побаравме следните информации:

1.                    Дали се преземени сите мерки за информатичка безбедност со кои би се заштитиле државните институции од евентуални нови напади, особено со создавање на резервни копии на податоците и нивно чување на повеќе различни локации и со редовна надградба и одржување на софтверските решенија на информатичките системи?

2.                   Дали се преземени сите мерки за информатичка безбедност како би се обезбедил непречен изборен процес?

со почит,  Инженери на Република Македонија

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK