Столтенберг: НАТО не планира да го зголеми бројот на членки со нуклеарно оружје

Столтенберг-Нема-директна-воена-закана-од-Русија-кон-членките-на.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг денеска изјави дека Алијансата не планира да го зголеми бројот на членки кои користат нуклеарно оружје, ниту да позиционира нови борбени групи во Шведска.


„Не планираме да го зголемиме бројот на земјите на НАТО со нуклеарно оружје“, изјави Столтенберг на заедничката прес-конференција со шведскиот премиер Улф Кристерсон во Брисел, пренесува шведскиот јавен сервис СВТ.

Тој изјави дека НАТО постојано ја анализира својата позиција за конвенционалните сили, додавајќи дека во моментов „нема планови за борбени групи во Шведска, како оние во балтичките земји“. Тој посочи дека членството на Шведска и Финска во НАТО „ќе има позитивен ефект врз целата Алијанса, но особено врз нордиските и балтичките земји“.

Тој додаде дека Алијансата во моментов не гледа никаква воена закана кога станува збор за Русија.

„Не гледаме непосредна воена закана за ниту една земја на НАТО, делумно поради тоа што Русија е премногу зафатена во Украина, но и поради присуството на НАТО и разбирањето дека нападот врз една членка на Алијансата ќе предизвика одговор од целата Алијанса“, рече Столтенберг.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK