Руската служба за надворешно разузнавање денеска предупреди дека Соединетите Американски Држави планираат сајбер напад врз далечинскиот електронски систем за гласање со цел да го отежнат пребројувањето на гласовите на претседателските избори во Русија, пренесува РИА Новости.
Во извештајот на СВР се наведува и дека администрацијата на Џозеф Бајден им поставува задача на американските невладини организации да ја намалат излезноста на тие избори со тоа што ги повикува граѓаните да не гласаат.
Изборите ќе се одржат на 15 и 17 март, а покрај актуелниот претседател Владимир Путин, се кандидираа и лидерот на Комунистичката партија Николај Каритонов, лидерот на Новата народна партија Владислав Даванков и лидерот на Либерално-демократската партија Леонид Слуцки, пренесува Танјуг.