„Со 365 амандмани го блокиравме погубниот ДУП за зградите Силекс во Кавадарци“, велат од партијата Левица

Со-365-амандмани-Левица-го-блокираше-погубниот-ДУП-за-зградите-Силекс-во-Кавадарци.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

„Денес, Левица преку советникот Круме Богевски со 365 амандмани ја блокираше предлог-Одлуката за утврдување на ДУП за УЕ 14, Блок 14.6 и Блок 14.7-“Силекс згради”, К.О. Ваташа, Општина Кавадарци за плански период 2021 – 2026 која е ставена како точка на дневен ред за Седницата на Советот која треба да се одржи во четврток“, велат од партијата Левица.


„До Политичката Партија Левица во тек на изминатите три месеци пристигнаа стотина барања да се блокира овој погубен ДУП, кои покрај трите неуспешни јавни анкети се доволни за да се спречи претворањето на целата населба во една бетонско-асфалтна плоча!

Имено, додека Кавадарци е на врвот на најзагадените градови во Македонија, Општина Кавадарци настојува преку овој ДУП дополнително да им ги намали зелените површини и просторот за рекреакција и детска игра на жителите кај комплексот згради ,,Силекс”!

Граѓани кои присуствуваа на јавните анкети цврсто рекоа НЕ за изградба на патишта околу нивните згради, бидејќи единствено што ќе добијат е значително намалување на зелената површина и губење на паркинг места кои и онака ги немаат во доволен број, со што и дополнително би се загрозила безбедноста на најмладите кои си играат на овој простор!

Целта на овој ДУП е задоволување на потребите на урбанистичката џунгла која се гради од другата страна на реката Луда Мара за која беше изгласан ДУПот, без да се обезбеди пристапно сообраќајно решение, па сега градската администрација сака да го уништи зеленилото на зградите ,,Силекс” за да им обезбеди пристап!

Ваквите урбанистички преседани ги штитат само интересите на инвеститорите, на сметка на гушење на граѓаните! Затоа сметаме дека треба да го искористиме филибастерингот како последна алатка во блокирањето на оваа предлог-Одлука на ВМРО-ДПМНЕ!

Потсетуваме дека Левица во својата програма на овој простор имаше предвидено парк за одмор и рекреација на сите генерации“, соопшти партијата Левица.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK