„Го нема Артан Груби да го крене ова, тој е по таа работа“, се пошегува Ковачевски на сметка на Груби при посета на македонска компанија

430773911_922342813016241_8937396678293341108_n.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Интересен момент забележаа новинарите при посетата на првиот човек на СДСМ, Димитар Ковачевски на компанијата „ДИЕМ – ГП“ во Гевгелија.


Имено кога Ковачевски даваше изјава во врска со денешната посета, од говорницата на која беа наместени микрофоните, еден падна, а Ковачевски се нашали пред новинарите.

„Го нема Артан Груби да го крене ова сега, пошто он е по таа работа“, на шала прокоментира Ковачевски.

Ниту Ковачевски, ниту Јованка Тренчевска, дополнителната заменичка министерка за труд и социјална политика која стоеше зад него, заедно со Сања Лукаревска, директорката на УЈП, неможеа да ја воздржат насмевката од ваквиот момент и реакцијата на Ковачевски.

Тој пак се заблагодари на домаќините за пречекот во како што рече, успешната македонска компанија која редовно ги плаќа своите даноци.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK