Полскиот претседател Анджеј Дуда најави дека за време на утрешната средба со американскиот претседател Џозеф Бајден ќе побара членките на НАТО да се обврзат минимумот што треба да го одвојат за одбраната да биде три проценти од БДП, а не два проценти како досега.
„Сакам да и предложам на Белата куќа за време на нашата функција и ќе разговарам за тоа со нашите сојузници и со генералниот секретар на НАТО, членките заедно да одлучат, НАТО да бара од нив не два проценти, туку три проценти од БДП. За да стане факт модернизацијата на армијата и создавањето воени залихи“, изјави денеска Дуда на почетокот на седницата на Советот за национална безбедност во Варшава.
Дуда нагласи дека трите проценти од БДП што се издвојуваат за одбрана во секоја од земјите-членки треба да бидат најниската граница, иако некои од западните воени сојузници сè уште не ги одвојуваат ниту препорачаните два проценти.
„Никој нема да се осмели да нападне силно НАТО, силни земји. Земјите кои знаат ефикасно да се бранат се подготвени и способни да ги одбранат своите граници уште од првиот момент. Денес, Полска станува таква земја“, рече тој и додаде дека „руските империјални амбиции постојат и ќе продолжат да постојат“.
Полскиот претседател свика седница на која учествуваат претседателите на двата дома на парламентот, премиерот, дел од министрите и шефовите на сите пратенички групи, за да покажат пред утрешната средба со американскиот претседател по повод 25-годишнината за влезот на Полска во НАТО, на кој ќе оди заедно со полскиот премиер Доналд То Туск, дека за Варшава безбедносните прашања се над политичките поделби.
Проевропскиот премиер Доналд Туск и неговата влада веруваат, дека европската одбрана треба да се зајакне, „за да не мора да се плашат од каприците“ на идниот американски претседател кој, како што тоа го прави Трамп, ќе го оспори членот 5 од договорот за НАТО и колективна одбрана.
Во последната анкета за информативниот портал „Виртуелна Полска“, 60 отсто од Полјаците го поддржаа предлогот на премиерот Туск дека Европа треба да создаде заеднички сили кои ќе можат да реагираат во случај на напад од Русија.