Папата со својата изјава ги налути Украинците, пристигна реакцијата на Русија

zaharova.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Русија соопшти дека поканата на папата Франциско за разговори со Москва за ставање крај на војната во Украина е барање до западните сојузници на Киев да се откажат од својата амбиција да ја поразат Русија и да ја признаат грешката на Западот во војната во Украина, пренесе италијанската агенција АНСА. Папата неодамна изјави дека Украина ќе мора да има храброст на „бело знаме“ и да преговара за крај на војната со Русија, по почетокот на инвазијата пред две години во која загинаа десетици илјади луѓе.


Во интервјуто снимено минатиот месец за швајцарската телевизија РСИ, Франциско кажа што мисли за оние кои велат дека Украина треба да се откаже бидејќи не успеала да ги одбие руските сили и оние кои веруваат дека тоа ќе и даде легитимитет на посилната страна. Новинарот во своето прашање го употреби терминот „бело знаме“.

„Тоа е едно толкување, тоа е вистината“, рече тогаш Франциско, според извадоци од интервјуто што треба да се емитува на 20 март. Зборот „преговарање“ е храбар збор, кога ќе видите дека сте поразени, дека работите не одат добро, треба да имате храброст да преговарате“, истакна папата.

Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, коментираше дека Западот ја користи Украина како инструмент на својата амбиција да ја ослабне Русија.

„Како што гледам, папата бара од Западот да ги остави амбициите настрана и да признае дека не е во ред“, ја цитира АНСА изјавата на Захарова. Што се однесува до Русија, продолжи таа, „тие никогаш не ги блокирале преговорите“. Во исто време, Захарова додаде дека ситуацијата во Украина е „без излез“.

Во неделата Украина ја отфрли поканата на папата да преговара за крај на војната со Русија. Претседателот Володимир Зеленски рече дека Светиот Отец е ангажиран во „виртуелно посредување“, а неговиот шеф на дипломатијата рече дека Киев никогаш нема да капитулира и му порача на Ватикан да посвети посебно внимание на својата улога во Втората светска војна.

По бурната реакција на Киев, Ватикан објави дека папата Франциско не повикува Украина да се предаде, туку на прекин на огнот и храброст во преговорите. Украина повторува дека се бори за опстанок и дека нема да запре додека не го протера последниот Русин од својата територија. Зеленски минатата недела рече дека Русија нема да биде поканета на првиот мировен самит што треба да се одржи во Швајцарија.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK