Јунајтед подготвиле 100 милиони за фудбалер на Бенфика

1817017616.0.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Џим Ретклиф, кој го презеде спортскиот сектор на „Олд Трафорд“, во летниот преоден рок има план да сериозно да го реконструира ростерот на Манчестер јунајтед.


Англиските медиуми пишуваат дека голема желба на Ретклиф е во тимот да го донесе
19-годишниот играч од средниот ред на Бенфика, Жоао Невеш.

Клубот, наводно, за овој трансфер е подготвен да потроши повеќе од 100 милиони фунти. Доколку тоа се случи, Јунајтед ќе го урне клупскиот рекорд. Пред осум години на Јувентус му платија 89 милиони фунти за Пол Погба.

Невеш веќе има настапувано за репрезентацијата на Португалија, тој е производ на клупската академија на клубот од Лисабон, за кој на 62 натпревари постигна три гола.

Во пресрет на летниот преоден рок, Ретклиф и неговите соработници треба да ја средат управата на клубот и да назначат луѓе на клучните позиции, па се очекува по извршниот директор Омар Берада, нов спортски директор да биде Ден Ешворт, кој сега таа работа ја врши во Њукасл.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK