Изборот што им се нуди на граѓаните на претстојните претседателски избори е членство во ЕУ или враќање назад во изолација, велат од СДСМ.
Со Пендаровски и СДСМ граѓаните до членство во ЕУ, или со Силјановска и ДПМНЕ во изолација. Понудата на ДПМНЕ и Силјановска е да се откажеме од иднината, од надежта, да се изолираме и да се збогуваме со секоја вистинска и суштинска промена за подобро утре, велат од СДСМ.
Само со Пендаровски и СДСМ е остварлива единствената реална надеж за светла македонска иднина – членство во ЕУ, поголеми плати и пензии, економски раст, европски вредности и стандарди. Затоа на претстојните избори граѓаните ќе дадат силна поддршка за Пендаровски. Ќе кажат НЕ за изолација и ДА за Европа, велат од СДСМ.