Мерките и политиките на СДСМ во насока на запирање на растот на цените дадоа резултат, велат од СДСМ во соопштение.
Оттаму велат дека инфлацијата во февруари годинава се намали на 3 проценти, покажаа официјалните податоци на државниот завод за статистика.
-Ова е најниска стапка на инфлација од јуни 2021, кога почна влијанието на инфлаторните притисоци, како последица на енергетската криза, војната во Украина, нарушените синџири на снабдување. Истовремено просечната плата континуирано расте и во декември 2023 година достигна највисоко ниво досега од 40.000 денари. Растот на платите е поголем од растот на трошоци, со што реалната куповна моќ, во истиот период е зголемена. Ова е потврда дека сите мерки на СДСМ за зауздување на растот на цените го даваат својот резултат, – велат од СДСМ.