Нетанјаху: Израел е во егзистенцијална војна и мора да победи

Нетанјаху-Се-уште-сме-во-војна-ќе-го-уништиме-Хамас.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денеска изјави дека Израел е „во егзистенцијална војна во која мора да победи“.


Говорејќи во воено офицерско училиште, Нетанјаху најави дека Израел „ќе го нападне непријателот до целосна победа“.

Израелските медиуми потсетуваат дека тоа го кажа неколку пати откако на 7 октомври почна војната против палестинскиот исламистички Хамас во Појасот Газа.

Премиерот вети дека „ќе го елиминира убиствениот режим на Хамас, ќе ги елиминира терористите, ќе ги уништи тунелите“ и ќе ги гони оние што ги извршија нападите на 7 октомври на југот на Израел, и рече дека „прави се што е можно за да се најдат заложниците“ на Хамас.

Нетанјаху оцени дека ИДФ (Израелските одбранбени сили) постигнуваат „импресивен напредок“ за да ја постигнат својата воена цел и да се обидат да ги намалат цивилните жртви во Газа.

Хамас го обвини дека ги користи цивилите во малата енклава како „човечки штит“ и дека продолжува да користи тунели со километри.

„Кој и да ни каже да не дејствуваме во Рафах (на југот на Појасот Газа), ни вели да ја изгубиме војната, а тоа нема да се случи. Нашите непријатели си заслужија уништување“, рече премиерот на Израел.

Алудирајќи на зборовите на лидерот на либанскиот Хезболах, Хасан Насрала, кој на почетокот на војната го нарече Израел „чувствителна пајажина“, Нетанјаху рече и дека „оној што зборуваше за пајажина сега гледа лавови“.

Осврнувајќи се на зголемениот меѓународен притисок за завршување на војната, Нетанјаху рече дека Израел ќе го издржи овој притисок бидејќи целта е „тотална победа“.

Тој смета дека лидерите од Западот мора да разберат дека „со поразување на убијците на 7 октомври, се спречува нов 11 септември“; – терористичкиот напад во САД во 2002 година и дека затоа мора да застанат покрај Израел и неговата армија.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK