Египетските власти: Хамас ги напушта преговорите во Каиро, разговорите во ќорсокак

СЗО-се-обидува-да-стаса-до-болницата-„Насер-ИДФ-ја.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Египетските власти денеска објавија дека преговорите за прекин на огнот во Појасот Газа дошле во ќорсокак поради барањето на Хамас за фазен прекин на војната.


Делегацијата на таа милитантна палестинска група го напушти Каиро, местото на преговорите, за да одржи консултации, а според египетскиот ТВ канал „Ал-Каиро Њуз“, разговорите ќе продолжат следната недела.

Официјални лица изјавија за АП дека Хамас се согласил со главните услови од договорот од првата фаза, но сакале гаранции дека тоа ќе доведе до траен прекин на огнот, според „Тајмс оф Израел“.

Хамас соопшти дека нема да ги ослободи преостанатите заложници без целосно повлекување на израелската армија од Појасот Газа, пишува израелскиот весник.

Милитантната група, исто така, бара ослободување на голем број палестински затвореници од израелските затвори, вклучително и оние кои се осудени за тешки злосторства.

Висок функционер на Хамас, Абу Зухри, рече дека Израел ги „отфрлил“ сите напори на посредниците да постигнат договор за прекин на огнот.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK