Социјалдемократскиот сојуз манипулира и лаже, и целосно недостоинствено се служи со лажни вести, објави портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски, откако пратеничката на СДСМ, Лидија Тасевска, објави фотографија од пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска-Давкова со бугарскиот европратеник, Андреј Ковачев, притоа коментирајќи дека фотографијата е потврда на за соработка на македонското и бугарското ВМРО.
Стоилковски вели дека СДС во слободен пад се користи со фотографии кога Ковачев им беше “брат” и “љубави”.
„И да потсетам кога Ковачев објави фотографија со коментар дека Силјановска имала многу забелешки за договорот со Бугарија и различно мислење за историјата, потенцира самиот Ковачев“, рече Стоилковски.
„Ова е фотографија од Ковачев во 2019 година. А оваа фотографија му е од сега, пред една недела. Само СДС при очи не гледаат разлика и кај самиот Ковачев. Прашање е само дали и оваа манипулација не е во договор на СДС со Ковачев? Ја разбираме нервозата откако се исфрлени и од европските собири, а дома од народот, но тоа не значи дека може да шират лажни вести и да ги туркаат медиумите во нивните лаги“, рече Стоилковски покажувајќи фотографии.
Додаде дека никогаш не било полошо, и време е наместо хаосот во Македонија, да завладее ред.