Вчера во 15.40 часот, полициски службеници од Полициската станица за граничен премин и граничен надзор Богородица во коритото на Сува Река ги пронашле Л.Х.(49), Т.Л.(34), В.Л.(32), Л.Х.(41) и Д.Ј.(31), сите од Народна Република Кина.
По извршена проверка и контроал било констатирано дека лицата илегално влегле во државата. Од Основен суд Гевгелија на лицата им била изречена парична глоба и прекршочна санкција – протерување на странец од територијата на РСМ во траење од три години.